Зејнулаи и Шкендија го „расплакаа“ Кратово (ВИДЕО)

172

Со голот на Арбин Зејнулаи, тимот на Шкендија во рамките од 19. коло од ПМФЛ шампионатот, го доби дербито среде Кратово против тимот на Силекс со конечни 1:2, и на тој начин успеа да освои екстра три бода на екстремно тешкото гостување.

Во услови кои се и тешко за објаснување, на ужасниот терен во Кратово, Шкендија покажа зошто во моментов е бранител на титулата, и со статус на најдобар тим во Македонија.

Зејнулаи погоди во 88. минута откако Силекс цело второ полувреме играше одлично. Имаше грст на шанси и тоа стопроцентни, преку Додев, Мишив, Алиќ…. се изредија речиси сите домашни играчи но не погодија за водство, па им се случи спротивното. Наместо да постигнат примија гол.

Се почна добро за гостите откако Тамба во првиот дел погоди за 0:1 во 18. минута. Имаше Шкендија уште една зицер ситуација кога Ал Хасан ја погоди гредата, па Тамба го испровоцира Џеков екстра да интервенира.

Веќе во следниот напад Бутуровиќ изедначи на 1:1, откако Ал Хасан погреши и му асистираше во буквална смисла.
Во продолжението, Силекс и тоа како добро одигра, имаше многу ситуации да поведе, но Гаје и лошата реакција на напаѓачите на домаќинот го чинеа Силекс да остане со празни раце.

Шкендија по 19. кола има 45 бода и е втора, додека Силекс е четврти со десет бода помалку.

ПретходноЏенова сигурна против Торино
СледноМечевите во Премиер лигата ќе имаат паузи за Рамазан