Со денешната победа од 4:1, Арсенал оствари две убедливи победи над Тотенхем во истата лигашка сезона, што се случува само вторпат во историјата.
Тимот на Микел Артета победи на гостински терен во денешното 27-мо коло. Првиот натпревар на Арсенал со Тотенхем исто така заврши 4:1 во корист на „топчиите“.
Единствените претходни победи во лигата што Арсенал ги имаше постигнато против Тотенхем со три или повеќе гола разлика беа во сезоната 1934/35 (6-0, 5-1). Оттогаш има само една убедлива победа од овој тим, остварена во далечната 1978 година, кога во дербито на гостински терен, „топчиите“ ги совладаа „Спарс“ со 5:0.










