Ракометната Федерација на Македонија има доставено апликација за организација на Светско првенство во машка конкуренција до 21 година кое ќе се одржи во 2027 година.
Домаќин на овој Мундијал би бил нашиот главен град Скопје, а во понудата на раководството на РФМ се нашле четири сали. Дознаваме дека ИХФ веќе бил во контрола на истите. Станува збор за следните сали: „Јане Сандански“, „Борис Трајковски“, „Расадник“ и големата сала во „Кале“.
„Расадник“ е во завршна фаза на изградба, додека пак салата во „Кале“ е под клуч бидејќи истата од страна на КФСМ беше прогласена за небезбедна за играње. Истата според најавите треба да биде реновирана до стартот на шампионтот, па ќе биде ставена за употреба за едно вакво големо натпреварување.
На стартот на месец март, ИХФ ќе ги извести во РФМ дали ги исполнуваат условите за да бидат домаќини и да го продолжат трендот на претходното раководство, кое уживаше во голема доверба и во ИХФ и во ЕХФ, и секоја година беше организатор на шампионати, да не го заборавиме и женското сениорско Европско првенство во 2022 година.










