Сушево нанижа уште една победа, дербито во Велес се игра утре

46

Со натпреварот меѓу ГОК Борец и Струмица утре ќе биде комплетирано и петтото коло од втората фаза на домашниот одбојкарски шампионат во машка конкуренција. Викендов се одиграа два меча во плеј-оф зоната и сите три пресметки во плеј-аутот.

Со оглед на постигнатите резултати најпријатно изненадување направи „забрефтаниот“ состав на Сушево, кој во Скопје во четири сета славеше над екипата на Работнички. Во плеј-аутот, голема дерби пресметка одиграа Скопје и Лирија, каде за „влакно“ поумешни беа гостите кои славеа во пет сета со 2:3.

ПРВА ЛИГА (М) – 4 КОЛО – ПЛЕЈ –ОФ

Работнички 71&22 – Сушево     1:3 

ГОК Борец – Струмица 47&72       (утре, 19.30 часот)   

Универзитет во Тетово – Штип УГД        0:3

ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (43), 2. ГОК Борец (35), 3. Струмица (34), 4. Работнички (33), 5. Сушево (26), 6. Универзитет во Тетово (21).

ПРВА ЛИГА (М) – 4 КОЛО – ПЛЕЈ –АУТ

Македонија Џио – Јанта волеј  3:1

Весна Пробиштип – Шкендија  0:3  

Скопје – Лирија 2:3

ТАБЕЛА: 1. Шкендија (29), 2. Лирија (25), 3. Скопје (13), 4. Македонија Џио (11), 5. Весна Пробиштип (9), 6. Јанта Волеј (2).

ПретходноИвана Кметовска е најкорисниот играч на финалниот турнир
СледноШокантно: Во Галатасарај три месеци нема плата!