Јетон Беќири: Овој терен во Кратово нема врска со фудбал!

666

Шкендија во дербито на 19.коло во ПМФЛ, денеска во Кратово успеа да победи со 1:2 на гостувањето кај Силекс. Екстра значајна победа на шампионот која дојде во последните минути со голот на Зејнулаи.

Евидентно беше тренерот Јетон Беќири комбинираше со составот ако се знае дека за неколку дена Шкендија ја чека реванш меч во ЛК кај Самсунспор.

Инаку денеска во Кратово дербито се одигра повеќе на кал отколку на тревната површина и затоа тренерот Јетон Беќири имаше што да каже по средбата:

Задоволен сум од победата, од борбата, бидејќи не можам да зборувам за фудбал. Ова овде на ваков терен нема никаква врска со фудбалот. Задоволен сум од карактерот и посветеноста на играчите. Не успеавме добро да го затвориме првото полувреме, примивме гол во многу негативен момент. Потоа имаше моменти кога ризикувавме, но имавме и моменти кога можевме да победиме и моменти кога можевме да го изгубиме натпреварот. Важно е што ризикувавме, исто така воведовме повеќе офанзивни играчи. Секогаш велам дека среќата ги следи оние кои се борци и кои даваат се од себе“ рече покрај другото стратегот на шампионот.

ПретходноЛиверпул со многу среќа до победа кај „Шумарите“!
СледноБарса го “реши“ Леванте и сега повторно е лидер во Ла Лига!