И официјално Ардијан Нухиу не е веќе тренер на Тирана, на еден од најголемите клубови во Албанија. По само четири месеци престој во таборот на “сино – белите“, Нухиу и Тирана се разделија. Можеби очекувано ако се знае резултатите на овој тим не беа според очекувањата на сите во клубот.
Смената на Нухиу ја потврдија и од клубот:
„Фудбалскиот клуб Тирана објавува дека соработката со тренерот Ардијан Нухиу е прекината е спогодбено. КФ Тирана изразува најискрена благодарност до тренерот Ардијан Нухиу за придонесот, професионализмот и посветеноста што ги покажа додека го водеше нашиот тим. За време на соработката, тој го даде својот максимум за бело-сините бои, работејќи со страст, коректност и почит кон клубот и нашите навивачи.
Му посакуваме успех во неговата професионална кариера“, се вели во соопштението на Тирана.










