Ацковски: Еден од клучните мечеви за нас сезонава

95
фото: ffm.mk

Деветнаесеттата рунда во Фудбалското првенство на Македонија ќе се затвори со натпреварот меѓу Македонија ЃП и Тиквеш. Домаќинот пролетва нема право на грешка има задача да освои што е можно повеќе бодови за да и натаму има статус на клуб од елитата.

Тиквеш пролетва добро почна. Со победата над Шкупи од 6:0, а потоа одигра и супер полувреме против Шкендија кога поведе со 1:0. Сепак, шампионот на крај од Кавадарци си замина со бодови правејќи пресврт од 1:4.

Кавадарчани всушност прв пат пролетва ќе заминат на гостување, затоа што дуелот против Шкупи иако на хартија го играа на гости всушност се одигра на нивниот стадион.

„Ова за нас е еден од клучните мечеви сезонава. Едноставно мора да влеземе во горниот дел од табелата, и се подготвуваме за денеска да ги освоиме трите бода. Против Шкендија лошо го одигравме тоа второ полувреме и редно е да покажеме против противник по мерка што се вели за што сме и за каде сме“ – вели Кристијан Ацковски.

ПретходноНа стартот на плеј-офот реприза во Автокоманда, „вечното дерби“ веќе во второто коло
СледноПо поразот во „вечното дерби“: Партизан го смени тренерот, доаѓа новa клупска легенда