Берокал денеска ќе го има првиот собир со кошаркарите

60

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, денеска го закажа првиот собир со нашите кошаркари пред втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Берокал ги собира кошаркарите утрово во салата „Градски парк“, а подоцна заедно со асистент-тренерот Ѓорѓи Кочов и спортскиот директор на националните селекции, Владо Илиевски, ќе биде одржана и прес-конференција.

Нашиот машки сениорски национален тим е дел од претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2029 година, и во наредниот период, нашите најдобри кошаркари ќе одиграат два натпревари во европските претквалификации. Првиот на домашен терен против Луксембург е закажан за 27. февруари (петок), во Скопје, додека на 2. март, во Баку, следува наатпреварот против репрезентацијата на Азербејџан.

ПретходноОдлично финале, заслужен пехар – Баскет Кам испиша историја! (ФОТО)
СледноПецов: За нас секој домашен меч е финале