Владо Илиевски: Се вратив да го пренесам целото мое искуство во македонската кошарка!

277

Покрај промоција на новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, денеска беше претставен целиот тим, кој ќе работи со него, а тука главна улога ќе има македонската легенда, Владо Илиевски, кој ја улогата на спортски директор во националните тимови.

„Голема чест и задоволство ја прифатив оваа функција со цел моето искуство во последните 30 години да го пренесам во македонската кошарка. Заедно со оваа екипа сакаме да направиме систем кој ќе значи иднина во овој спорт. Очекуваме младите играчи да ги наследат поисксуните. Се надевам дека ќе поставиме систем, начин на работа од кои ќе излезат нови играчи. Благодарност до претседателот Томица Главчев кој ми ја даде оваа доверба, се надевам дека ќе ја оправдам. Не очекуваат добри резултати и нови генерации кои ќе ја престават Македонија во најдобро светло“, рече Владо Илиевски. 

Поранешниот македонски репрезентативец откри зошто во составот не е Ненад Димитријевиќ.

„Главна причина за тоа што не беше повикан зошто обврските не му дозволуваат поради евролигашките обврски, има мечеви во четврток и петок, треба директно да патува во Баку и пак да се врати назад во клубот, нивото на просефионализам не го дозволува тоа. Јас како спортски дикретор на чело со селекторот сметаме на него тој е лидер во наредниот период спремни сме да го прифатиме со отворени раце тој го знае то и се надевам на лето ќе биде пристен со нас“, рече Илиевски. 

ПретходноШпанецот промовиран: Голема чест е да се биде селектор на Македонија!
СледноГлавчев: Верувам дека со овој тим можеме да ја вратиме репрезентативната кошарка на заслужената патека