Германецот на клупата на Самунспор незадоволен: Вака не можеме да играме против Шкендија!

129
фото: Samsunspor (X)

Тренерот на турски Самсунспор, Торстен Финк по последното реми на неговиот тим вотурската Суперлига против екипата на Фатих Караѓумрук беше критички настроен кон играта на неговите момци.

„Очекувам многу повеќе од мојот тим. Да, денес имавме посед на топката, но не можевме да играме со темпото што го сакавме. Нашето темпо беше бавно, а нашата прецизна стапка на додавања не беше на нивото што го посакувавме. Направивме многу грешки во нашата игра. Ќе мора нешто да менуваме пред мечот со Шкендија. Добивме предност од 1-0 на првиот меч, но ништо не е завршено. Имаме уште еден многу важен натпревар пред нас за да се пласираме во следната рунда. Мораме да ги подобриме перформансите на нашиот тим“, потенцирал Германецот.

ПретходноЖестоки критики по очајното деби: Тудор е кукавица, ни требаше храбар тренер!
СледноСерена се враќа во Индијан Велс или во Мајами?