Официјално:Торино има нов тренер! (ФОТО)

42
ФОТО:facebook.com/TorinoFootballClub/

Некогашниот клуб на нашиот Елиф Елмас и официјално има нов тренер. Торино дефинитивно одлучи да го замени Марко Барони. Поранешниот тренер на овој клуб беше отпуштен по новиот пораз од Џенова (3:0), а својата мисија во Торино ја заврши со седум победи, шест нерешени резултати и 13 порази.
Сега е познато кој ќе го наследи. Тоа ќе биде Роберто Даверса, а тој потпиша договор до крајот на оваа сезона и денеска е промовиран од страна на “Биковите“ и официјално за нов стратег.
Овој стручњак досега ги водеше Виртус Ланчано, Парма, Сампдорија, Лече и Емполи.

ПретходноАрдијан Нухиу не е веќе тренер на Тирана! (ФОТО)
СледноМакедонските кошаркари во шпански ритам – стартуваат нова ера (ФОТО)