Пецов: За нас секој домашен меч е финале

70
фото: ffm.mk

На стадионот во Ѓорче Петров ќе се одигра последниот натпревар од 19. рунда во домашниот фудбалски шампионат. Фудбалерите на Македонија ЃП се домаќини на Тиквеш, а почетокот на мечот е закажан за 14 часот.

Ова е дуел на два тима кои што во моментов се борат да соберат што е можно повеќе бодови, за да имаат мирен финиш на сезоната и да не стравуваат од најлошото.

Македонија ЃП со сосема поинакви намери и амбиции го стартуваше овој шампионат. Сепак, преструктуирањето на клубот, промената на стручниот штаб, заминувањето на многу фудбалери ги постави „Лавовите“ во оваа позиција каде што се во моментов.

„Не чека тешка битка за бодови оваа пролет. Секој секого во оваа лига може да победи. За нас секој меч особено на домашен терен е финале. Мора да се освојуваат бодови, ако сакаме и натаму да имаме статус на прволигаш. Респект за Тиквеш, а и за секој наш ривал до крајот на шампионатот, но Македонија ЃП оди без пардон до крајот“ – вели капитенот на Македонија ЃП, Христијан Пецов.

ПретходноБерокал денеска ќе го има првиот собир со кошаркарите
СледноНа стартот на плеј-офот реприза во Автокоманда, „вечното дерби“ веќе во второто коло