ПМФЛ полувреме: Шансите за Тиквеш, но во Ѓорче сеуште е 0:0

36

Денеска завршува тековното 19. коло од ПМФЛ шампионатот за дуелот помеѓу екипите на Македонија ЃП и Тиквеш кој што се игра во моментов.

По првите 45. минути, резултатот во Ѓорче Петров е 0:0, а шансите барем досега ги имаа гостите од Кавадарци.

Стојанов отвори во седмата минута со удар, но Јанков на висина на задачата. На спротивната страна Гереро се обиде со идар, Стевковски беше сигурен. Ацковски се обиде во 31. минута но Јанков повторно е добар, а најголемата шанса се случи во 39. минута.

Кристијан Стојковски го искористи отпадокот откако Јанков интервенираше на една топка од десно. Шутираше но Перез спаси чист гол. Топката се одби во поле, Вареловски шутираше од прва, а Јанков повторно одличен.

Ацковски со волеј покрај голот ја завршува листата на ситуации од првиот дел.

 

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЗАЕДНО СО ВАРДАР ВО ЕХФ СЕЗОНА – ТИПУВАМЕ НА ПОБЕДА!
СледноДисциплинската комисија при ФФМ одлучи: Вардар еден меч без публика и казна од 5000 евра