Тиквеш со голема гостинска победа во Ѓорче Петров

140

На последниот дуел од актуелното 19. коло во ПМФЛ шампионатот, тимот на Тиквеш успеа да обезбеди многу значајни и вредни гостински бодови кај тимот на Македонија ЃП во победата од 0:1.

Стрелец на единствениот гол на овој меч беше бтазилскиот интернационалец Лусиалињо, кој што влезе во вториот дел и кој што беше човекот на одлука на овој дуел.

Во таа клучна 77. минута акцијата започна од десно, за да топката дојде до Стојанов, а овој од прва го проигра Сила, ударот не заврши во голот туку на вториор дирек каде што Лусиалињо осамен погоди во мрежата на Јанков.

Тиквеш можеше и порано да дојде до предност, но во првиот дел не беа искористени шансите на Стојковски, како и ударите на Вареловски односно Ацковски. Во сите тие ситуации голманот Јанков беше на висина на задачата.

Уште еден клучен момент, вреден за споменување беше оној во 55. минута кога одличната акција од лево, ја доведе топката со Сила, а овој се намести и со прецизен шут погоди во левиот голманот агол. Сепак, ВАР проверката одлучи дека имало офсајд при акцијата.

Тиквеш со оваа победа е седми со 24 бодови, додека Македонија ЃП е десетта со 19.

 

ПретходноСамо една работа може да го спаси Слот од отказ во Ливерпул
СледноМексичкиот фудбал во застој поради убиството на мафијашкиот водач