Шпанецот промовиран: Голема чест е да се биде селектор на Македонија!

197

После првиот одржан тренинг на новиот селектор на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, со македонската кошаркарска репрезентација, Шпанецот беше промовиран на официјална прес-конференција.

На истата беше присутен новиот спортски директор, Владо Илиевски и помошникот на Шпанецот, Ѓорги Кочов.

Шпанецот не го криеше своето задоволство од доверената шанса да биде дел од македонската репрезентација.

„Среќен сум што сум тука, голема шест и привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток период за да се подготвиме за напредок на тимот. Во овие два тренинзи што ги имав со репрезентацијата видов огромна желба за напреодк. Треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот, но и да се погрижиме за иднината и младите играчи кои ќе доаѓаат во репрезентцијата“, изјави прес-конференцијата новиот предвоник, кој своето деби ќе го има во петок против Луксембург на домашен терен во „Градски Парк“.

Новиот селектор вели дека ја познава Македонија, веќе долги години е пријател со Владо Илиевски на кого му бил тренер.

„Знам за националниот тим преку Владо, му бев тренер преку 30 години, бевме во контакт, сега работам во својата 10-та земја во својата кариера, дел од играчите ги познавам, дел од нив играа за Шпанија, веќе му бев тренер на Војдан во Украина. Знам дека на почетокот нема да биде лесно ќе биде долг процес, ќе пробаме да го достигнеме максимумот со играчите. Кое ќе биде нивото до кое ќе стигнеме се уште не знам, како што им кажав на играчите треба да се натпреварувате сами со себе, да бидете подобри. Да не гледаме премногу на иднината, да гледаме на сегашноста. Сакам да уживам во овој просец“, рече Шпанецот. 

ПретходноСерена се враќа во Индијан Велс или во Мајами?
СледноВладо Илиевски: Се вратив да го пренесам целото мое искуство во македонската кошарка!