Главчев: Верувам дека со овој тим можеме да ја вратиме репрезентативната кошарка на заслужената патека

152

Првиот човек на кошаркарската федерација на Македонија, Томица Главчев, го претстави новиот селектор селектор Хозе Мариа Берокал и објасни кои се плановите за во иднина. Претседателот потенцира дека имаат договор на долг рок, бидејќи сакаат од корен да ги променат работите во репрезентациите, а за тоа голема улога ќе има шпанскиот стратег кој има големо искуство.

„Имаме чест и официјално да ви го претставиме нашиот селектор на сениорскиот тим. Верувам дека ќе придонесе многу за нашиот национален тим. Заедно со него ќе биде и Ѓорѓи Кочов, кој ќе биде врска меѓу интернационалното исксуство и домашната сцена. Веруваме дека оваа комбинација претставува одличен баланс и сериозен пристап за новите предизвици. Во процесот на координација и стратешко поврзување на сите национални селекции, значајна улога ќе има и директорот-координатор, нашата легенда Владо Илиевски. Тој со неговиот авторитет, искуство и посветеност, веруваме дека ќе придонесе во создавањето на стабилен и долгорочен систем. Како федерација остануваме цврсто определени кон враќање на препознатливиот репрезентативен импулс. Пред нас се сериозни предизвици, но и можности и веруваме дека со поддршка од јавноста и медиумите може да ја поставиме репрезентативната кошарка на патеките кои заслужува да се движи.“, изјави Главчев.

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе одигра уште два натпревари од првиот филтер на квалификациите за Евробаскетот кој ќе се одигра во 2029 година, против Луксембург и Азербејџан.

ПретходноВладо Илиевски: Се вратив да го пренесам целото мое искуство во македонската кошарка!
СледноМакедонија до 17 години против Грузија ќе одигра два тест натпревари