Кошаркарската федерација со благодарност до Баскет Кам и Македонска Каменица за организацијата на Купот

35
фото: mkd.basketball

Кошаркарската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до организаторите од Македонска Каменица и до клубот Баскет Кам за извонредната организација на годинашниот кошаркарски Куп на Македонија во женска конкуренција.

Настанот беше реализиран на високо професионално ниво, со одлична логистика, беспрекорни услови за игра и гостопримство, кое уште еднаш потврди дека Македонска Каменица е подготвена да биде домаќин на врвни спортски манифестации.

Целокупната организација, координација и посветеност на домаќините придонесоа Купот да помине во спортски дух, фер и коректна атмосфера, на задоволство на екипите, публиката и целокупната спортска јавност.

Посебна благодарност упатуваме и до градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, за нејзината поддршка и личен ангажман во организацијата на овој значаен спортски настан.

Поддршката од локалната самоуправа претставува силен поттик за развојот на женската кошарка и за афирмација на спортот во целина.

Кошаркарската федерација останува отворена за понатамошна соработка со Општина Македонска Каменица и со клубот Баскет кам, со заедничка цел – континуиран развој и унапредување на женската кошарка во Македонија.

ПретходноПо поразот во „вечното дерби“: Партизан го смени тренерот, доаѓа новa клупска легенда
СледноЧупиќ и Малус побараа полна сала за триумф над Мелсунген