Одлично финале, заслужен пехар – Баскет Кам испиша историја! (ФОТО)

69

Баскет Кам го освои пехарот во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, во финалето домаќинот на ова натпреварување славеше против Крива Паланка со 74-68.

За тимот од Македонска Каменица ова беше четврти пехар во Купот на Македонија, до истиот дојдоа сосема заслужено. Бакет Кам испиша историја пред своите фанови, го освои првиот пехар како организатор на ова натпреварувње. Македонската репрезентативка, Ивана Кметовска беше прогласена за најкорисен играч на финалето.

Со завршување на Купот на Македонија заокружен е уште еден успешен викенд, на кој се најдоа најдобрите екипи во женската кошарка. На тимот на Крива Паланка му останува после првиот пласман во финалето во Купот на Македонија да продолжи да вложува во кошарката и веќе оваа сезона да атакува на шампионската титула.

 

ПретходноПеп се појави на третолигашки натпревар во Италија
СледноБерокал денеска ќе го има првиот собир со кошаркарите