Вчера се одигра уште едно вечно дерби во Србија. Очекувано Ц. Звезда го победи Партизан со 3:0, но главна тема е “дивеењето“ на фановите на двата тима, посебно оние на “црно – белите“ кои просто ја “запалија“ јужната трибина на “Маракана“ и со тоа направија огромна материјална штета. А таа изнесува најмалку 200.000 евра.
Според претходно утврдените договори и дисциплинските точки, клубот чии навивачи предизвикале штета на гостинскиот терен е должен да ја регулира штетата. Кога ќе се утврди износот на штетата, фактурата ќе биде испратена од „Маракана“ до Хумска, а администрацијата на Партизан ќе има главоболка. Партизанците скршија и изгореа многу столчиња на „Маракана“, ги оштетија семафорот и портите на влезот на трибината.
По вториот гол на Црвена Звезда, вечното дерби беше прекинато на неколку минути поради подметнат пожар, но некако беше доведено до крај.










