Пререгистрирани уште седуммина играчи: И ОФС Прилеп со соопштение во врска со ФК Победа!

378

И покрај тоа што Победа на стартот од пролетната полусезона на свој терен во Прилеп беше поразена од Новаци со 0:5, најважно беше што клубот продолжи да се натпреварува, дека не зсгасна. А според сите настани во минатите денови, за такво нешто постоеше голема опасност.

Инаку како што пренесува прилепскиот спортал “Шампион.мк“, покрај 15 фудбалери кои се појавиле на средбата со Новаци, пререгистрини биле уште седуммина за мечот в сабота против Саса Каменица.

Инаку во меѓувреме со свое соопштение се огласи и ОФС Прилеп, кое ви го пренесуваме во целост:

Во градот Прилеп, една од најактуелните теми е ФК Победа и ситуацијата во која се наоѓаше клубот. Имено, во последен момент беа пронајдени компромисни решенија од страна на Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп, со претседателот Марјанчо Стојковски. За да може тимот да настапи, играчите беа регистрирани на време за да можат да настапат, а беа исполнети и сите услови клубот да учествува во 16-то коло, за клубот да не згасне од фудбаската карта.ОФС Прилеп заслужува голема заслуга за организацијата и развојот на локалниот фудбал и активно учествува во развојот на фудбалските активности во Прилеп, поддржувајќи ги клубовите и организирајќи ресурси за нив. Во 2014 година, теренот со вештачка трева беше изграден благодарение на ОФС Прилеп и претседателот, терен кој сè уште се користи 24/7 за тренинзи и натпревари, каде што повеќе од 1.000 спортисти ги користат неговите услуги секој ден. Во периодот на пандемијата на коронавирусот, беше тешко и за фудбалските екипи. Се справуваа со материјални и финансиски проблеми. Затоа, ФФМ му помогна на ОФС Прилеп, предводен од членот на Управниот одбор на ФФМ, Марјанчо Стојковски – Манта. Тој излезе пред сè, потпомогнат од спортот, кој во последно време донесе најголема радост во Македонија.
Опфатени се сите рангови – од највисоките до најниските. Тука е и ФК Победа, со сите свои категории, женскиот клуб… На секој клуб од општинската лига се донираат по 15.000 денари, како и опрема, топки… И истото важи и за третата лига. Пред сезоната, им го олеснивме тоа што не наплаќавме такси за регистрација. Секоја натпреварувачка сезона, потпомогнати се со опрема и топки.
Од страна на Фудбалската федерација на Македонија и Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп, на ФК Победа и се простени огромни финансиски средства по основа на котизации, регистрација и членарини на фудбалерите“.

Претходно(НЕ)ОЧЕКУВАНО: “Специјалниот“ нема да одржи прес во Мадрид!
СледноЈана Атанасовска блесна и победи во Телфс!