Серена се враќа во Индијан Велс или во Мајами?

49
фото: Don Juan! @BoiJuanda (X)

Рик Мачи, поранешниот тренер на Серена Вилијамс, го даде своето мислење за сè поизвесното враќање на теренот на повеќекратната освојувачка на Гренд слем турнирите по три и пол години откако замина во пензија. Серена повторно влезе во официјалниот круг за допинг на ITIA и сега вратата е широко отворена за неа повторно да игра на големата сцена.

„Таа тренира со многу спаринг партнери. Исто така, игра и со Алиша Паркс. Ако не чувствуваше дека може да се натпреварува со најдобрите и да победи, не мислам дека би се вратила. Она што е сигурно е дека таа ќе се врати Веќе можам да ја видам во Индијан Велс или во Мајами“, изјавил нејзиниот поранешен тренер.

Во своето последно јавно појавување, Серена ниту ги потврди, ниту ги негираше информациите дека се враќа во професионалниот тенис. 44-годишната Американка е посветена на своето семејство, но нејзиното големо враќање на тенисот е веќе се поочекувано.

ПретходноГерманецот на клупата на Самунспор незадоволен: Вака не можеме да играме против Шкендија!
СледноШпанецот промовиран: Голема чест е да се биде селектор на Македонија!