Тимот на Тиквеш денеска во рамките од 19. коло од ПМФЛ шампионатот, успеа на гостински терен да го довлада тимот на Македонија ЃП со минимални 0:1, и на тој начин да заработи три екстра значајни бодови. Кавадарчани сеуште се борат за да имааат мирен финиш на тековниот шампионат, а денешните бодови кои ги донесе бразиллецот Лусианињо со гол во 77. минута имаат огромно значење.
„Тежок натпревар, со многу значење. Бодовите беа важни и за двата тима. И нас ни беа потребни и ним. За да излеземе од таа опасна зона. Задоволен сум во целина, одигравме добра меч.
Се надевам искрено дека ќе продолжиме во ваков ритам да ги играме мечевите. Меѓутоа, можам да кажам дека теренот бепе малку проблематичен за игра. Видно беше оштетен, и тешко се контролираше топката. Но и покрај тоа пак ќе речам, мислам дека одигравме подобар меч повеќе контролиравме топка, создадовме повеќе шанси.
Не чекаат сега сега уште три меча до новиот круг, на кои се насочуваме целосно за да оствариме што подобар резултат и имаме добар влез во последниот дел од шампионатот“ – изјави за Спортспорт, тренерот на Тиквеш, Борче Христов.















