И повторно Словенецот во главна улога: Шешко е херојот на Јунајтед!

90
ФОТО:.facebook.com/manchesterunited/

Се играше 71.минута кога Куња со перфектно долга дијагонала го проигра Мбеумо, а овој истрча по таа десна страна а потоа му асистираше на Бењамин Шешко кој имаше зицер ситуација пред голот на Пикфорд и истата ја претвори во гол. Тоа беше гол за 0:1 и за победа на Манчестер Јунајтед на своето прво гостување на новиот стадион на Евертон.

Ова беше петта победа во шестиот меч во низа за Макл Карик, и сега Јунајтед има 48 бода и се наоѓа на 4.место на табелата во Премиерлигата по ова 27.коло. Инаку ова е десетти меч во низа без пораз на Јунајтед во ПЛ.

Уште еден пораз на “карамелите“ дома, со кој се наоѓаат на 9.место на табелата со 37 победа.

Јасно е дека по мечот голема радост кај гостите. Бењамин Шешко покажа дека е во страшна форма. Повторно доби шанса од клупата за резерви повторно беше стрелец за Манчестер Јунајтед.

Меч кој беше доста интересен, но не и толку квалитетен. И едните и другите имаа свои шанси, ама Јунајтед го имаше Словенецот и затоа успеа да слави победа и да освои големи три бода. Сега веќе нема дилеми, сега тимот на Карик и тоа како се прашува во битката за пласман во Лигата на Шампионите.

ПретходноЈамал урна уште еден клупски рекорд, а Барса за него одбила понуда вредна 250 милиони евра!