Мексичкиот фудбал во застој поради убиството на мафијашкиот водач

82

Четири фудбалски натпревари во Мексико беа одложени во неделата откако војската го уби водачот на нарко-картелот CJNG.

Откако властите го убија Немесио Осегера Севрантес настана вистински хаос во одреден дел од Мексико, каде што членовите на неговиот картел масовно запалија автомобили, блокираа патишта, и отворија оган и врз цивилно население.

Два елитни натпревари, Керетаро против Хуарез во машката и Чивас против Америка во женската конкуренција беа одложени. Откажани беа и два натпревари од втората лига.

Репрезентацијата на Мексико треба да одигра пријателски натпревар против Исланд во среда на стадионот „Корегидор“ во Керетаро. Мексиканската фудбалска федерација не презеде никаква јавна акција за одложување на натпреварот.

ПретходноТиквеш со голема гостинска победа во Ѓорче Петров
СледноОБЈАВЕН ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА РАКОМЕТАРКИ ПОВИКАНИ ЗА ПРЕСТОЈНАТА ЕХФ НЕДЕЛА