На стартот на плеј-офот реприза во Автокоманда, „вечното дерби“ веќе во второто коло

265

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија утрово беа извлечени редните броеви на екипите што ќе играат во плеј-офот и плеј-аутот во продолжението од домашната Суперлига во машка конкуренција.

Продолжението се игра според бергеровиот систем, а големото дерби меѓу Вардар и Е. Пелистер ќе следува во 2. и во 6. коло. Плеј-офот стартува на 28 февруари.

Во рамките на премиерното коло ќе имаме реприза на саботното дерби во Автокоманда меѓу Алкалоид и Вардар.

Супер лига, плеј-оф, 1 коло:

Тиквеш – Е. Пелистер

Бутел Скопје – Охрид

Алкалоид – Вардар

ПретходноПецов: За нас секој домашен меч е финале
СледноАцковски: Еден од клучните мечеви за нас сезонава