По поразот во „вечното дерби“: Партизан го смени тренерот, доаѓа новa клупска легенда

237
фото: FK Partizan (X)

Белградски Партизан ќе го смени тренерот по поразот во дербито со Црвена Звезда вчера. Ненад Стојаковиќ е пред отказ, а како што потврдија за српските медиуми извори од клубот, нов тренер на црно-белиот тим ќе биде клупската легенда Дамир Чакар, чиј прв помошник ќе биде Ѓорѓије Четковиќ.

Се чини дека тие ќе бидат привремено решение до крајот на сезоната, кога внимателно ќе се избере нов тренер.

Стојаковиќ го презеде клубот во ноември минатата година кога го наследи Срѓан Благојевиќ. Во 10 натпревари, тој постигна шест победи со еден нерешен резултат и три порази.

ПретходноАцковски: Еден од клучните мечеви за нас сезонава
СледноКошаркарската федерација со благодарност до Баскет Кам и Македонска Каменица за организацијата на Купот