Јамал урна уште еден клупски рекорд, а Барса за него одбила понуда вредна 250 милиони евра!

134
FC Barcelona

Мега – ѕвездата на Барселона и светскиот фудбал, Ламине Јамал, повторно сруши клупски рекорд со своето учество во победата од 3:0 над Леванте. Шпанскиот шампион потврди дека оваа победа е број 100 за Јамал со првиот тим на клубот. Така, со своите 18 години и 224 дена, тој стана најмладиот играч кој стигнал до овој број победи за Барселона. Досега, ова достигнување му припаѓаше на Бојан Кркиќ, кој го забележа на 20 години и 128 дена, а првите три на ова рангирање го комплетира Лионел Меси, кој ја достигна оваа висина на 21 година.
Јамал стигна до победата број 100 во 139 натпревари за Барса, во кои исто така регистрираше 16 нерешени и 23 порази. Во овие натпревари, шпанскиот крилен напаѓач има 40 гола и 48 асистенции. Покрај него, со најмалку 100 успеси за Каталонците во нивниот сегашен состав се Френки де Јонг (185 победи), Педри (152), Роналд Араухо (131), Феран Торес (129), Жил Кунде (128), Роберт Левандовски (120), Рафиња (118), Алехандро Балде (109) и Ерик Гарсија (102).

Инаку лесно можело да се случи во 2024 година Јамал да стане најскапиот фудбалер во светот. Актуелниот претседател на Барселона, Хоан Лапорта, открива дека имале понуда од 250 милиони евра и таа била одбиена.

Потенцијален купувач бил ПСЖ. Тие подготвиле екстремно многу пари за Јамал во Париз, но Барса не сакала ниту да чуе за заминувањето на младата ѕвезда.

ПретходноПо “дивеењето“ на навивачите: Партизан треба да и плати на Ц. Звезда најмалку 200.000 евра!
СледноИ повторно Словенецот во главна улога: Шешко е херојот на Јунајтед!