Чупиќ и Малус побараа полна сала за триумф над Мелсунген

105

Ракометарите на Вардар утре во „Јане Сандански“ го пречекуваат германски Мелсунген во 2. коло од втората фаза во натпреварите во ЕХФ Европската лига. Пред денешниот дуел со свои изјави пред новинарите се појавија тренерот Иван Чупиќ и ракометарот Јака Малус.

„Се подготвуваме за мечот со Мелсунген. Станува збор за еден многу сериозен тим, која и индивидуално и тимски има одичен состав. Имаат извонреден тренер. Нашата цел е дека со две победи дома ќе обезбедиме осминафинале, па сега одиме чекор по чекор. За тоа да се реалзира не чека голем предизвик, тежок меч со многу квалитетен противник. Се надевам дека по оваа тешка недела, ќе ја наполниме Јане Сандански и со навивачите ќе направиме вистинска атмосфера и утре ќе бидеме задоволни“, вели Чупиќ.

Средниот бек Јака Малус пред дуелот со Германците додава:

„Мислам дека по натпреварот со Алкалоид покажавме дека имаме карактер. Не паднавме по поразот од Бенфика. Не сме заборавиле да играме ракомет. Како што кажа и тренерот, мора да одиме на победа. Заслужуваме да имаме полна сала, затоа што со таква атмосфера многу полесно ќе ни биде да играме, а и на Мелсунген ќе му биде многу тешко, затоа што во Германија не знаат каква е таа атмосфера. Со победа ќе направиме еден голем чекор кон остварување на нашата цел“.

Натпреварот меѓу Вардар и Мелсунген ќе се одигра утре во Скопје од 20.45 часот.

ПретходноКошаркарската федерација со благодарност до Баскет Кам и Македонска Каменица за организацијата на Купот
СледноЖестоки критики по очајното деби: Тудор е кукавица, ни требаше храбар тренер!