На денешните FIS трки во Австрија, Јана Атанасовска блесна со два врвни резултати во исклучително силна меѓународна конкуренција и уште еднаш го потврди својот квалитет на европската сцена.
ПОБЕДА И НАЈДОБАР ЛИЧЕН РЕЗУЛТАТ! Во втората трка Јана доминираше и го освои 1-то место со 24,09 ФИС точки, што воедно е нејзин најдобар резултат во досегашната кариера!
ОДЛИЧНО ВТОРО МЕСТО! Претходно, во првата трка, таа покажа сигурност и техничка прецизност освојувајќи го 2-то место со 25,34 ФИС точки.
Овој успех е резултат на континуирана работа, дисциплина и јасна визија кон светскиот врв. Со вакви настапи, Атанасовска испраќа силна порака дека македонското алпско скијање незапирливо чекори напред кон најголемите светски успеси!










