Во полувреме со многу падови, Вардар на крајот на првиот дел од натпреварот со германски Мелсунген, успеа да дојде на само гол негатива (18:19). Гледајќи го сето она што се случуваше во СЦ Јане Сандански, овој резултат е „полна капа“ за момците на Иван Чупиќ кои разочараа со пристапот со кој влегоа во ова прво полувреме.
Гостите кои во скопје допатуваа со многу променет состав, диктираа темпо и во добар дел од полувремето имаа голема предност. Неколкупати Мелсунген се одвојуваше на +6, па Вардар мораше да брка резултат и да ја топи предноста на Германците.
Во замиот финиш „црвено-црните“ успеаја да се консолидираат во нападот, а особено во одбраната и да дојдат на подносливи минус еден и шанса во вториот дел да одат кон посакувана победа.
Воркапиќ со 6 гола е најефикасен кај Вардар по првиот дел.










