Младинците во многу тешка група, а кадетите во пеколна група!

238

Денеска во Виена се одржа ждрепката за ЕП за младинци и кадети на кои како што е познато ќе учествва и Македонија.

Младинците се најдоа во групата Д во која се и селекциите на Хрватска, Данска и Норвешка. Се се тоа велесили во ракометот. Се чини и да можевме да бираме, немаше да одбереме вака екстремно тешка група.

Инаку ова ЕП за селекции до 20 години или младинско ЕП се одржува во Романија и тоа од 8 до 19 јули.

Ждрепката за кадетското првенство, кое се одржува во Белград од 29 јули до 9 август, да се падне во А групата и тоа заедно со Франција, Шведска и Словенија. Најдобрите две селекции од нашата, но и од сите останати ќе се пласираат во главната рунда на ова ЕП за кадети.

ПретходноПолувреме во Купот: Без голови на ФФМ, Шкендија (А) со водство против Работнички!
СледноАргентина ги одложи натпреварите поради обвинувања за измама на фудбалската федерација