Ракометарите на Охрид со победа ја заокружија првата фаза од домашниот шампионат. Во меч кој не промени ништо од изгледот на табелата, охриѓани ја потврдија својата класа и славеа убедливо на гостувањето во Скопје против екипата на Пролет со
Најефикасен на мечот беше Давид Савревски кој постигна 10 гола за екипата на Охрид. Кај Охриѓани одлични беа и Ќосевски и Прибетиќ кои постигнаа по 5 гола. Кај екипата на Пролет, Стоилевски и Дамчевски завршија со по 5 гола.










