Шанса за Вардар 1961, Мелсунген во Скопје со втор состав!

298

После поразот од Бенфика на гостински терен, и лошата игра на првиот меч од главната рунда во Европската лига, Вардар 1961 денеска на домашен терен има шанса да дојде до првата победа во оваа фаза од натпреварувањето.

Мелсунген во Скопје дојде со втор состав, екс-тренерот на „црвено-црните“, сегашен предводник на бундес-лигашот, Роберто Гарсија Парондо и асистентот Фин Лемке, открија дека ќе играат без Даинис Кристопанс, Небојша Симиќ, Криштоф Паласиц, Адриан Сипош, Давид Мандиќ, Владислав Кулеш, Оле Шиферт, Арнар Арнасон, Тимо Кастенинг и Николај Ендерлејт.

„Им веруваме на младите ракометари“ изјави Фин Лемке.

Македонскиот тим посакува полна сала за да го направат првиот чекор кон осминафинале, а до истото ќе стигнат со две победи дома.

„Се подготвуваме за мечот со Мелсунген. Станува збор за еден многу сериозен тим, која и индивидуално и тимски има одичен состав. Имаат извонреден тренер. Нашата цел е дека со две победи дома ќе обезбедиме осминафинале, па сега одиме чекор по чекор. За тоа да се реалзира не чека голем предизвик, тежок меч со многу квалитетен противник. Се надевам дека по оваа тешка недела, ќе ја наполниме Јане Сандански и со навивачите ќе направиме вистинска атмосфера и утре ќе бидеме задоволни“, реч Иван Чупиќ на прес-конференцијата.

Мечот меѓу Вардар 1961 и Мелсунген е закажан со почеток во 20:45 часот.

ПретходноЛапорта: Некои мислеа дека сме луди кога одбивме 250 милиони евра за Јамал
СледноАко го пропуштивте 19. коло во ПМФЛ: Ова се најдобрите моменти, голови и шанси (ВИДЕО)