Алушовски: Најголем адут на ГОГ Гудме е играта “седум на шест“!

60
Фото: Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Пелистер утре од 18:45 во меч од 12.коло во групата Б во Лигата на Шампионите му гостуваат на ГОГ Гудме. По низата порази во ова елитно ракометно натпреварување, битолчани очекуваат и се надеваат на добар настап воДанска и секако добар резултат.

Пред утрешниот дуел свој коментар има шефот на стручниот штаб на РК Пелистер, Стевче Алушовски.

Сигурно дека нема да биде исто како што беше во Битола против овој противник. Загубивме во Битола, но тоа не значи дека ќе биде исто и на утрешниот дуел.Го анализираме ГОГ Гудме, знаеме добро кој е. Според мене нивен најголем адут е играта “седум на шест“, ќе се подготвиме за таа игра „шест на шест“, но главен проблем за нас ќе биде таа игра “седум на шест“потенцираше стратегот на Пелистер и дополни…

Ставаме акцент на тој сегмент, а ќе промениме и некои детали во нападот. Ние не ја гледаме нашата шанса за победа преку нападот, туку преку квалитетно одиграна одбрана. Секогаш наша главна цел е играта во одбрана. Ако ја сопреме нивната игра “седум на шест“, ќе се вратиме со позитивен резултат“.

ПретходноБез Лејсон Зеќири во овој претквалификациски циклус!
СледноМОК упатува честитки до нашите спортисти за нивниот настап на ЗОИ 2026!