Вардар славеше ама Чупиќ не е задоволен: Кога играш во оваа сала мораш да даваш максимум!

364

Вардар 1961 ја запиша првата победа во главната рунда во Европската лига, откако на домашен терен славеше против Мелсунген со 37-33. Со овој триумф, македонскиот тим направи важен чекор кон пласман во Топ16.

“Благодараност до противникот за фер-играта. Покажаа на сите во сала дека имаат одличен тренер со свој систем. Од прв до последен момент покажаа дека сакаат да се докажуваат. Мојот тим имаше проблем, а тоа беше потценување во првиот дел. Не беше на ниво со енергија и трпение како што сакаме да играме. Сепак во второ полувреме покажавме дека имаме поголема ротација. Освен двата бода немам од што да бидам задоволен од овој меч. Кога играш во оваа сала мораш да даваш максимум. Ова го сфаќам како грешка и јас сум виновен за тоа”, изјави Чупиќ. 

ПретходноЛШ: Фудбалот е магија, приказната на Бодо е убавина! Интер доби нова лекција (ВИДЕО)
СледноПарондо: Честитки до Вардар, на моите момци не можам да им замерам ништо!