Доминација на Виктор Вембањама, крај на сезоната за Нуркиќ (ВИДЕО)

94

Виктор Вембањама постигна 21 поен, имаше 17 скока и шест блокади, а Сан Антонио Спарс ги победија Детроит Пистонс со 114-103. Спарс на натпреварот против најдобриот тим во Источната конференција дојдоа до деветта последователна победа. Само бранителот на титулата Оклахома Сити Тандер е пред Сан Антонио во Западната конференција.

Интересно е што пред оваа сезона, Пистонс беа единствениот тим во НБА против кој Вембањама не забележа ниту еден блок. Синоќа беше расположен во тој статистички сегмент, блокирајќи шест обиди на противнички играчи.

Девин Васел ги предводеше Спарси во победата со 28 поени. Ѕвездата на Детроит, Кејд Канингем, се мачеше во текот на целиот натпревар, промашувајќи 21 од 26 шутеви од поле, а заврши со 16 поени и 10 асистенции.

Центарот од Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ, ја заврши оваа НБА сезона поради повреда на носот. Тој ќе мора да се подложи на операција, што ќе го спречи да се врати на теренот до крајот на сезоната, а со оглед на тоа што му истекува договорот со Јута, тој ќе стане слободен агент.

Постои можност 31-годишниот кошаркар да се врати во Европа, но пореална опција е да остане во НБА лигата каде што одигра одлични натпревари и беше важен кошаркар за Јута оваа сезона.

Тој имаше просек од 10,9 поени, 10,4 скока и 4,8 асистенции. Нуркиќ е во НБА лигата 12 години, а досега играл за Денвер, Портланд, Феникс и Јута.

На останатите средби, Мемфис беше совладан од Сакраменто со 114-123, додека Хјустон на домашен терен ја победи Јута со 125-105.

ПретходноКуп 1/4 финале: Вардар е фаворит со Охрид, Работнички на гости кај Шкендија (А) во Куманово!
СледноДали Мбапе е поголем од Реал Мадрид: По ова Аргентинецот како да не постои!(ВИДЕО)