Куп 1/4 финале: Вардар е фаворит со Охрид, Работнички на гости кај Шкендија (А) во Куманово!

133

Денеска стартуваат натпреварите од 1/4 финалето на Купот на Македонија. Од 14 часот се играат два меча и тоа на ФФМ во Скопје бранителот на трофејот, Вардар, ќе го пречека второлигашот Вардар. Во Куманово, Шкендија Арачиново се среќава со Работнички.

Јасно е дека Вардар е голем, огромен фаворит против охриѓани. Сепак ова е Куп и не смее на тимот на Охрид никој да му го одземе правото да се надева на успех.

Работнички исто игра против второлигаш, но интересно е тоа што токму Шкендија Арачиново беше тимот кој што минатата сезона уште на стартот во Купот на Македонија го елиминира Работнички. Дали е време за одмазда.

Утре во Кратово се среќаваат Детонит и Силекс, кратовци ќе бидат гости.

Дербито меѓу Струга ТЛ и Шкендија, заради европските обврски на тетовци, се игра на 18 март.

Познато е дека и во оваа фаза од Купот на Македонија нема реванши, во случај резултатот да биде нерешен по истекот на 90.минути нема да има продолженија, веднаш ќе се изведуваат пенали.

ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ -ДЕНЕСКА

Скопје: Вардар – Охрид (14 ч)

Куманово: Шкендија (А) – Работнички (14 ч)

СРЕДА (25.02.2026)

Кратово: Детонит – Силекс (14 ч)

18.03.2026

Струга: Струга ТЛ – Шкендија (14:30 ч)

Инаку познати се и можните полуфинални двојки. Па така победникот од дуелот Шкендија (А) – Работнички се среќава со победникот од мечот Струга ТЛ – Шкендија. Од друга страна победниците од мечевите Вардар – Охрид и Детонит – Силекс се среќаваат во полуфиналето.

ПретходноИ повторно Словенецот во главна улога: Шешко е херојот на Јунајтед!
СледноДоминација на Виктор Вембањама, крај на сезоната за Нуркиќ (ВИДЕО)