Италијанци ќе и судат на Шкендија на реваншот во Самсун!

47
ФОТО:.facebook.com/TurkishFootballNewsUpdate

Познати се судиите за реванш средбата од нокаут – фазата во плеј-офот во Лигата на Конференции меѓу Самсунспор и Шкендија, кој се игра во чертврток од 18:45 часот во Самсун.

За главен судија е одреден Симоне Соца од Италија, негови помошници се Давиде Империале и Алесио Берти, додека четврти ќе биде Кевин Бонацина, сите од Италија.

И во ВАР собата ќе бидат Валерио Марини и Даниеле Довери од Италија. Ова се познати судии кои редовна ја делат правдата во Серија А како и во фудбалска Европа.

Соца има 38 години, а судел мечеви од ЛШ оваа сезона, бил главен на Супер Купот на Италија меѓу Интер и Милан (2:3).

Да потсетиме дека на првиот меч во Скопје кој се одигра минатиот четврток, Самсунспор успеа да слави со 0:1, па така Шкендија ќе има тешка мисија во реваншот.

ПретходноОлимпијакос стои на патот на ГРК Охрид за полуфинале во ЕХФ Европскиот Куп
СледноКадетите на Пелистер го добија Алборг во полуфиналето