ЛШ: Фудбалот е магија, приказната на Бодо е убавина! Интер доби нова лекција (ВИДЕО)

137

Норвешки Бодо/Глимт е сензацијата на плеј-оф рундата во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА. Норвежаните и вечерва успеаја да го совладаат Интер, овој пат на гостински терен со 1:2 и да им покажат на сите „неверници“ дека победата од 3:1 на домашен терен во првиот меч не беше воопшто случајна. Италијанскиот гигант и главен кандидат за Скудетото, се прости од Лигата на шампионите уште во оваа рунда, иако во двомечот со Бодо влезе како голем фаворит.

Гостите трпеливо ја чекаа својата шанса вечерва и со првите минути од вториот дел успеаја да направат силни контранапади кои донесоа резултат. Со голот на Хауге во 58. минута Бодо поведе, а кога Интер фрли се на една карта – напад, следуваше уште еден гол во мрежата на Зомер. Овој пат Евјен стрелаше прецизно во 72. минута.

Надежта на гостите ја врати за момент Бастони, кој по еден карамбол во гостинскиот шеснаесетник погоди за 1:2. До крајот Интер не успеа ниту да израмни, па Бодо со вкупни 2:5 оди во осминафиналето.

Таму се и Баер (Л) и Њукасл. Германците одиграа 0:0 против Олимпијакос на домашен терен и ја задржаа предноста од првиот меч од два гола разлика која ги носи во осминафиналето. Њукасл и вторпат беше подобар од Карабах, овој пат со 3:2.

Лига на шампиони – 1/16 финале – реванш

Атлетико Мадрид – Клуб Бриж    4:1 (3:3)

Баер Л. – Олимпијакос               0:0 (2:0)

Њукасл – Карабах                      3:2 (6:1)

Интер – Бодо-Глимт                    1:2 (1:3)

ПретходноРаул Гонзалес го „краде“ дефанзивецот на Пелистер
СледноВардар славеше ама Чупиќ не е задоволен: Кога играш во оваа сала мораш да даваш максимум!