Парондо: Честитки до Вардар, на моите момци не можам да им замерам ништо!

244

Мелсунген во Скопје дојде без најдобрите, поради повреди и грип, лидерите на бундес-лигашот не се најдоа во составот на Роберто Гарсија Парондо. Вториот тим одигра добро прво полувреме, но потоа падна во вториот дел, нешто што го искористи Вардар 1961 за важна победа.

Шпанскиот стратег со кого Вардар ја освои втората титула во Лигата на шампиони беше краток после мечот.

“Честитки до Вардар за победата. Сакам да им честитам и на мојот тим што даде максимум бидејќи сме во лоша ситуација со болест меѓу играчите и повреди. Овие момци дадоа се од себе се бореа до самиот крај за победа и не можам да им замерам за ништо. Му посакувам среќа на Вардар понатаму “, изјави Парондо.

ПретходноВардар славеше ама Чупиќ не е задоволен: Кога играш во оваа сала мораш да даваш максимум!