Без Лејсон Зеќири во овој претквалификациски циклус!

97

Поради повреда на коленото, крилото на Башкими, Лејскон Зеќири ќе ги пропушти дуелите на нашиот национален тим со Луксембург и Азербејџан.

Играч помалку ќе има на располагање во периодот на подготовките селекторот Жозеп Мариа Берокал пред мечевите од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Оние против селекцијата на Луксембург, кој го игра на 27.февруари (петок) во салата „Градски парк“ во Скопје, и неколку дена подоцна, на 2. март, против Азебејџан во Баку.

Поради повреда која бара дополнителен медицински третман, учеството во овој февруарски ФИБА „прозорец“ мораше да го откаже Лејсон Зеќири.

Зеќири го информираше стручниот стожер на нашата најдобра селекција дека има проблеми со коленото, поради што не е во можност да се стави на располагање за мечевите кои следувата.

Во наредните денови, селекторот Берокал ќе смета на оние 15.кошаркари кои го одработуваат вториот „работен“ ден од мини-собирот во Скопје.

ПретходноЈакимовски: Со новиот селектор има една цел – да играме брза кошарка
СледноАлушовски: Најголем адут на ГОГ Гудме е играта “седум на шест“!