Историско полуфинале: ГФК Охрид со победничко селфи од Скопје!

200
ФОТО:facebook.com/gfkohrid/

Апсолутно заслужено. ГФК Охрид испиша историја, второлигашот е во полуфиналето во Купот на Македонија откако на пенали успеа да го елиминира гигантот во мак – фудбалот и последниот освојувач на трофејот, тимот на Вардар.

Во Купот ќе имаме нов освојувач, а за тоа се заслужни охриѓани кои не се исплашија од големиот фаворит. Одиграа храбро, машки и во регуларните 90.минути беше 1:1. Во пенал – серијата блескаше голманот Дамјан Серафимов кој одбрани два пенали.

Па така сега Охрид во полуфиналето се среќава со подобриот од утрешното четвртфинале меѓу Детонит и Силекс.

По мечот како што и доликува, фудбалерите на Охрид направија едно победничко селфи по повод овој историски пласман во полуфиналето во Купот на Македонија.

ПретходноРосети со јасна порака: “Македонските судии напредуваат, вратата на УЕФА е отворена“!
СледноКФМ ги пушти во продажба билетите за мечот Македонија – Луксембург!