Куп на Македонија: Охрид го елиминираше Вардар

483

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија Вардар е елиминиран во четвртфиналето од годинешното издание на ова натпреварување откако по подоброто изведување на пеналите, на Комплексот Петар Милошевски денеска беше подобар второлигашот Охрид. Конечниот резултат по пеналите гласи 6:5.

Во 60. минута кога Цветковиќ одигра добро по чевата страна, нафрли, на таа топка реагираше Омерагиќ за да истата стигне до Бобан Николов. Овој со одмерен удар пласираше во мрежата на Серафимов за водство на Вардар од 1:0.

Претходно Вардар во првиот дел не одигра според планираното, па тренерот Гоце Седлоски на полувреме направи три измени. Влегоа токму Цветковиќ и Николов, директните учесници во водечкиот гол за домашните.

Охрид од друга страна во првото полувреме имаше два удара од далечина но зицерот за гостите се случи во вториот дел.
Ерен Парталко само минута пред водството на домаќинот имаше зицер ситуација кога буквално сам излезе пред Талески но наместо да шутира се обиде да лобува и голманот на Вардар го осуети неговиот удар.

Гостите се фатија за глава веднаш им беше јасно дека ваква шанса тешко ќе се повтори. Димитриевски во последните секунди шутираше преку голот.

Во последните секунди од регуларниот дел, Матески на одлично додавање реализираше за 1:1. При прославата доби црвен картон и Охрид доигра со десетмина.

Во пенал серијата на стартот промашија Спиркоски и Николов, за потоа да погодат во серија Јахја, Цветковиќ, Бакрачески, Босанчиќ, Каланоски. Данев го промаши клучниот пенал во петтата серија, а пласманот понатаму на Охрид му гон донесе Дарко Илиески.

Охрид во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот Силекс – Детонит.

 

ПретходноКуп 1/4 финале: Шкендија (А) го „преслуша“ Работнички и се избори за историско полуфинале
СледноРосети со јасна порака: “Македонските судии напредуваат, вратата на УЕФА е отворена“!