Полувреме во Купот: Без голови на ФФМ, Шкендија (А) со водство против Работнички!

176

Вардар – Охрид 0:0 и Шкендија (А) – Работнички 1:0 се резултатите по првите полувремиња на првите два меча во 1/4 финалето на Купот на Македонија кои се играат попладнево.

На ФФМ, Вардар игра против Охрид, тоа е дуел на првопласираните во ПМФЛ и во ВМФЛ, но нема голови, нема водство за големиот фаворит, кој ја имаше иницијативата, сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Гостите со два удари од далечина се заканија, Вардар преку Матиќ со ударот од глава по корнер можеше да дојде до водство а и Бабунски опасно се закани.

Во Куманово изненадување или не? Второлигашот Шкендија Арачиново има водство против Работнички со 1:0 и тоа со прекрасниот гол на Дарио Десниќ во 40.минута.

Да потсетиме дека и двете средби се играат без публика. Јасно е дека во вторите полувремиња и на ФФМ и во Куманово и тоа како ќе биде интересно.

ПретходноЛШ: Интер по пресврт против Бодо/Глимт, ќе биде “жешко“ во Мадрид!
СледноМладинците во многу тешка група, а кадетите во пеколна група!