Раул Гонзалес, поранешниот македонски селектор и креатор на златната генерација на Вардар 1961 во Лигата на шампиони, покрај што го води националниот тим на Србија, тој одлучи проектот од Македонија да го преслика во Партизан.
Сака од овој тим да направи нешто налик на комбинација од Вардар 1961 и Алкалоид, за развој на ракометот во оваа земја.
Шпанскиот стратег во својот состав го зема дефанзивецот на Пелистер, Илија Абутовиќ. Според српските медиуми тој веќе е договорен и од следната сезона се сели во „црно-белиот“ дрес.
Абутовиќ веќе играше за Партизан од 2007 до 2010 година, и после 16 години се враќа во овој клуб.










