ТИМ И ИГРАЧ НА 19.КОЛО: Зејнулаи блесна во Кратово

75

По исклучително лош терен во Кратово, Шкендија успеа во дербито на 19.коло да го победи Силекс со 1:2 и со тоа да остане во трката за титулата. Арбин Зејнулаи, играчот за врска на тетовци беше творецот на таа победа и не само поради победничкиот гол во 90.минута туку и поради фактот дека навистина блесна во Кратово. Токму затоа “СпортСпорт“ одлучи Зејнулаи да биде играч на ова 19.коло во ПМФЛ.

Оваа победа, овие три бода се од исклучителна важност за шампионот. Имено ако Зејнулаи не “сттрелаше“ за победа се чини дека Вардар ќе ја имаше “осигурано“ титулата, вака сега разликата е шест бода.

Во тимот на колото се и Мелиќи и Тамба (Шкендија), Најдовски, Лучиано (Тиквеш), Велковски и Цветковиќ (Вардар), Манојлов и Езеб (Работнички), Булатовиќ и Јовчевски (Пелистер).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АРБИН ЗЕЈНУЛАИ

Тим: Шкендија

Роден: 15.02.1999 во Тетово

Кариера: Шкендија, НК Локомотива, Работнички, Егнатиа, Шкендија

ПретходноОфицијално: Талант Душебаев е нов селектор на Франција!(ФОТО)
СледноРФМ објави јавен повик за учество во мини ракомет