Беќири: Веруваме во наш добар настап утре

51

Екипата на Шкендија, актуелниот македонски шампион, утре со почеток од 18:45 часот го игра реванш дуелот од 1/16 финалето од елиминационата фаза од Лигата на Конференции против турскиот тим на Самсунспор.

На првиот меч во Скопје, Шкендија загуби со 0:1, а сега на гостински терен што се вели ќе бара сензација и евентуален пласман понатаму.

Шефот на стручниот штаб Јетон Беќири смета дека сеуште има шанси за успех на неговиот тим, само треба да се одигра подобро од дуелот во Скопје.

„Секако дека посакуваме утре да бидеме на највисоко ниво. И натаму за Самсунспор сметаме дека е силен тим, но веруваме дека ќе одиграме добар меч утре. Подобар од оној што го одигравме во Скопје. Ќе направиме се што е во наша моќ“ – рече Беќири па додаде.

„За нас првиот меч беше тежок. Утре нормално дека ќе одиграме подефанзивно, но пак ќе се обидеме да наметнеме наш ритам, наша тактика. Го анализиравме доста противникот, на терен ќе се бориме до последниот атом на силите“ – изјави на официјалната прес конференција, тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.

ПретходноЧави е следниот селектор на Мароко!?
СледноЈунајтед оствари профит по суровите мерки на Сер Џим Ретклиф!