ВИДЕОЛОТАРИЈА и годинава спонзор на Христијан Бузалковски

23

Видеолотарија Касинос Австрија и годинава продолжува со поддршката на македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, одбележувајќи пет години успешна соработка.

Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжува соработката со Бузалковски. Овој мал јубилеј претставува потврда за долгорочната посветеност во развојот на македонскиот спорт и поддршката на млади и талентирани спортисти. Во изминатите пет години, ова спонзорство придонесе за значителен напредок во неговата кариера и за постигнување врвни резултати на меѓународната сцена. Минатата, 2025 година, се вбројува меѓу најуспешните во неговата кариера, но и во историјата на македонскиот мотоциклизам. Очекувањата за новата сезона се подеднакво високи.

„Благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за континуираната поддршка во изминатите пет години. Ова спонзорство ми овозможува настап на ФИМ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, во класата Суперсток 1000цц. Покрај тоа, ќе настапам и на Алпе Адриа Интернешанал шампионатот. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе сериозни резултати”, изјави Бузалковски.

Поддршката е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, која активно вложува во развојот на спортот и поттикнување на здрави спортски навики кај младите. Под слоганот „Играј со најдобрите”, компанијата поддржува млади кадри од спортот, образованието, културата и медицината.

Во 2025 година, за спонзорства и донации беа издвоени 50 милиони денари, со што компанијата уште еднаш ја потврдува својата долгорочна определба за поддршка на заедницата и создавање успешни приказни.

ПретходноМилеска одбра 20 фудбалерки за турнирот во Струмица
СледноГрчевски го скрати списокот за двомечот со Белгија