Куп на Македонија: Силекс е полуфиналист по елиминацијата на Детонит

148

Со високи, убедливи и заслужени, 3:0, екипата на Силекс во четвртфиналето од Купот на Македонија предмалку го елиминираше на свој терен второлигашот Детонит и на тој начин се пласираше во следната фаза, односно во полуфиналето.

Во добри услови и сончево време денеска во Кратово, Силекс ја покажа силата против реално послабо рангираниот противник и поведе по 29. минути игра со голот на Додев.

Во второто полувреме Ангелески од слободен удар погоди за двојно водство на домаќинот, а португалецот, Пиреш, во 70. минута ги постави конечните 3:0 на овој дуел.

Силекс во следната фаза ќе се сретне со екипата на Охрид, која што вчера сензационално го елиминираше актуелниот освојувач на пехарот во ова натпреварување, тимот на Вардар по подоброто изведување на пеналите.

 

ПретходноШпанецот ги одреди „финалните 12“ за дуелот со Луксембург
СледноФормула 1 и Турција потпишуваат петгодишен договор