Кошаркарите на Милвоки славеа против Мајами со 128-117 во еден од највозбудливите дуели синоќа во НБА лигата. Бакси ја остварија четвртата победа во последните пет натпревари, иако Мајами беа рамноправен противник во поголемиот дел од натпреварот и влегоа во последната четвртина со водство од 93:89, а на почетокот од последниот период имаа девет поени предност. Сепак, Милвоки на крајот го сврти резултатот, а клучниот момент дојде кога Кевин Портер Џуниор погоди за 118:116.
Најефикасен играч во победничкиот тим беше Кевин Портер Џуниор со 32 поени, додека Боби Портис и Рајан Ролинс додадоа по 21. За Мајами, Норман Пауел се истакна со 26 поени, а Бам Адебајо имаше 18 поени и девет скока.
Оклахома Сити го победи Торонто со 116-107, што е нивната петта победа во шест НБА натпревари. Оклахома, која беше без Шеи Гилџес-Александар, до победата ја предводеа Кејсон Волас со 27 и Исаија Џо со 22 поени.
Кошаркарите на Орландо ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 110:109 на гостински терен, благодарение на поените на Вендел Картер на 6,7 секунди до крајот на натпреварот. Најефикасен играч на победничкиот тим беше Паоло Банкеро со 36 поени и десет скока, а кај Лејкерси Лука Дончиќ постигна 22 поени и 15 асистенции, и Леброн Џејмс и ДеАндре Ајтон имаа по 21 поен. Џејмс промаши тројка во последниот шут на Лејкерс во натпреварот.
Резултати од НБА лигата:
Индијана – Филаделфија 114:135
Атланта – Вашингтон 119:98
Бруклин – Далас 113:123
Кливленд – Њујорк 109:94
Торонто – Оклахома 107:116
Чикаго – Шарлот 99:131
Милвоки – Мајами 128:117
Њу Орлеанс – Голден Стејт 113:109
Феникс – Бостон 81:97
Портланд – Минесота 121:124
ЛА Лејкерс – Орландо 109:110










